Соопштенија

Силни пораки од Трст на светско политичко ниво: Премиерот Заев се сретна и со претставникот на британската премиерка Меј, Борис Џонсон, во Македонија се гледа мотор на регионот кон ЕУ и НАТО

Оценката што ја соопшти министерот за надворешни работи, Џонсон е дека Македонија е конечно на вистинскиот правец и најави дека Велика Британија ќе направи се што може да и помогне на нашата држава за влез во НАТО и во ЕУ. 

Средба на премиерот Заев со канцеларката Меркел: Германија силно ја поддржува новата реформска Влада на Македонија

Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните. 

Прогласена кризна состојба поради напливот на мигранти

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти, со што согласно правните прописи се отвора можност за соодветен ангажман и на АРМ, информира денеска на прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски.

Премиерот Заев на Самит 100: Поврзувањето е клучниот збор во регионот и тоа доби на интензитет во Скопје

Претсдателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со своите гости премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Душко Марковиќ, и со Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, д-р Денис Звиздиќ, денеска учествуваше на панел дебата на манифестацијата Самит 100, собир на најголемите и највлијателни претставници на бизнис заедницата на земјите од Западен Балкан.

Mинистерот Поповски се сретна со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние: Изборите беа организирани во фер и демократска атмосфера, Франција ќе продолжи со поддршката во медиумската сфера

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Франција, Кристиан Тимоние.

Премиерот Заев и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Звиздиќ: Отвораме можности за интензивна економска соработка, уште еден исчекор во пријателските односи и регионалната соработка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ на заедничка прес-конференција за медиумите.

 

Средба на министерот Зоран Шапуриќ со министерот за сообраќај и поморство на Црна Гора, Осман Нурковиќ

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ, вчера оствари работна средба со министерот за сообраќај и поморство на Црна Гора, Осман Нурковиќ.

Средба на премиерот Заев со претседавачот на Советот на министри, Звиздиќ: Силна поврзувачка порака од Македонија дека граѓаните сакаат стабилност и економски развој, двете држави ќе ја засилат заедничката соработка за евро-атлантски перспективи

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со претседавачот на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Средба на премиерот Заев со албанскиот премиер Рама во Скопје: Ќе се интензивираат економската соработка и заложбите за евро-атлантски интеграции на регионот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вечерва се сретна со Премиерот на Република Албанија, кој е во Скопје за „Самит 100“.

Премиерот Заев на отворањето на „Недела на италијанскиот јазик и култура“: Културните врски со Италија се пример како треба да соработуваат земјите на Балканот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, вечерва имаше свое обраќање на свеченоста по повод отворањето на манифестацијата „Недела на италијанскиот јазик и култура“, која оваа година се одржува по 17 пат.

Pages