Медиа центар

  • Нова инвестиција на Стил Кон во Младо Нагоричане, вредна 3.5 милиони евра

    Македонската компанија Стил Кон заедно со холандскиот партнер Герлико Груп денеска во кумановско Младо Нагоричане отвори нов современ погон за преработка на арматурно железо.
    Инвестицијата е вредна 3,5 милиони евра и со неа се очекува да се отворат околу 100 нови работни места. За нејзината реализација се обезбедени и 750.000 евра грант од Владата на Кралството Холандија. Фабриката се простира на површина од 2.600 метри квадратни, а пласманот на арматурното железо е обезбеден...

  • Конференција по повод 20 години независност на Република Македонија

    Постигнувањата на македонската држава во изминатите 20 години независност и предизвиците со кои се соочуваше, како и нејзините перспективи се теми на кои денеска дискутираат учесниците на конференцијата„20 години независна Република Македонија – постигнувања и перспективи на современата македонска држава“, што во Скопје се одржува во организација на Министерството за надворешни работи.

  • Говор на премиерот Никола Груевски по повод одбележувањето на 20 годишнината од Денот на независноста - 8 Септември

    Почитувани,

    Македонија во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит. Македонија и сега создава големи по душа и неповторливи маченици и херои, подготвени за самопожртвување пред споменот или ликот на кои им симнуваме капа.

  • Едицијата „130 тома македонска книжевност“ преведена на англиски јазик

    Изданијата од едицијата „130 тома македонска книжевност“ од денеска се достапни и на англиски јазик. Со преведените дела од капиталниот проект на светот му е овозможено да го прочита македонскиот пишан збор. Премиерот Никола Груевски на промоцијата во МАНУ рече дека капиталниот проект на Владата и Министерството за култура е панорама на македонската литература и репрезент и ризница на книжевните вредности.

  • Пуштен во употреба автопатот Табановце - Куманово

    Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска по повод Денот на независноста, во придружба на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го пушти во употреба автопатот Табановце – Куманово долг 7,6 километри.

    Делницата, која е дел од Коридорот 10, се градеше во изминатите четири години. Вкупната вредност на проектот изнесува 15,5 милиони евра, а го спроведе Агенцијата за државни патишта во соработка со Светска банка.

  • Пуштен во употреба проширениот бул. „Св. Климент Охридски“ во центарот на Скопје

    Реконструираниот бул. „Св. Климент Охридски“ денеска беше свечено пуштен во употреба. По тримесечни градежни работи, булеварот е проширен со трета коловозна лента во двете насоки, со што значајно ќе се растовари сообраќајниот метеж во центарот на Скопје. Реконструиран е во должина од 524 метри - од крстосницата со бул. „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ до крстосницата со бул. „Партизански одреди“. Изведувач на оваа делница е ГП „Гранит“, а инвестицијата на Град Скопје е вредна 37 милиони денари.

  • Поставен камен-темелник на новата катна гаража кај „Работнички дом“

    Почна изградбата на катната гаража „Работнички дом“ во центарот на Скопје, која е петта од седумте предвидени во централното градско подрачје со Програмата на Владата. Камен-темелникот го постави премиерот Никола Груевски. Објектот е вреден осум милиони евра, со вкупна површина од 23.000 метри квадратни, од кои 20.000 метри квадратни паркинг простор за 516 возила распространет на девет надземни и еден подземен кат и деловен простор од 3.000 метри квадратни на пет нивоа. Треба да биде готов за две години.

  • Конститутивен состанок за претприемништво и иновации

    Во Владата на Република Македонија денеска се одржа конститутивниот состанок на Комитетот за претприемништво и иновации со кој претседаваше претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски. Покрај претседателот на Владата, во работата на Комитетот за претприемништво и иновации учествуваат и заменик претседателот на Владата и министер за финансии, г-дин Зоран Ставрески, заменикот претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски ...

  • Отворен модернизираниот аеродром „Александар Велики“

    Обновен и модернизиран со најсовремена технолошка опрема според сите светски стандарди и капацитет да опслужува четири милиони патници годишно е новиот лик на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, што го презентира денеска концесионерот - турски ТАВ во присуство на македонскиот државен врв и бројна бизнис турска делегација. Од 9 септември (петок), со првиот лет на Аустриан ерлеинс целиот сообраќај ќе се одвива на новиот терминал на „Александар Велики“, најави Мустафа Сани Шенер, генерален директор на ТАВ аеродроми.

  • Промовирани новите автобуси на ЈСП „Скопје“

    Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска ги промовираше новите 68 двокатни автобуси од кинеско производство од кои еден панорамски, како и 39-те украински нископодни автобуси. Со тоа ЈСП „Скопје“ има 140 автобуси со што е заменет 50 отсто од возниот парк.
    Автобусите од Кина и од Украина се набавени со средства од Владата на Република Македонија.- Со денешното претставување на автобусите на ЈСП „Скопје“ практично почнува прославата на 20-годишнината од независноста на Република Македонија, која ќе продолжи со отворањето на реновираниот аеродром „Александар Велики“, рече премиерот Никола Груевски на промоцијата на автобусите.

Pages