Аксел Ахмедовски, Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија

Аксел Ахмедовски е министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

 

Официјален е-маил: /
Website: www.mbr-ds.gov.mk

 

Аксел Ахмедовски е министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Правниот стаж го поминал во Основниот суд во родниот град, Делчево, а своето професионално искуство го надоградува како вработен во „ЦИП“ ДООЕЛ -Скопје и во „Палтекс“ ДООЕЛ -Делчево, каде работел како правник.

Ахмедовски е и основач, претседател на Управниот одбор и правен советник на невладината организација „КХАМ“ од Делчево, исто така е и лиценциран агент за регистрирање на правни субјекти, и лиценциран правник за давање на бесплатна правна помош преку Министерството за правда и Адвокатската комора на Република Македонија.

Аксел Ахмедовски е подготвувач и подносител на Уставната иницијатива за преиспитување на уставноста на Законот за патни исправи во 2014 година, како и подготвувач и подносител на постапката за оценување на уставноста и законитоста на Законот за утврдување на состојбата на приходите, имот и имотните права на домаќинството, определувањето на носител на правото за остварување на социјална парична помош.

Активно учествувал во имплементацијата на проектот „Правна помош, правна помош и социјализација“ на Адвокатската комора на Република Македонија, како и во проектот „Бесплатна правна помош на лица со ниски примања и повеќекратна ранливост“ во рамките на Граѓанско-информативниот центар од Делчево.

Во периодот од 2008 – 2009 година е член на Координативното тело за превенција од илегална трговија со луѓе, а од 2009-2012 година е член на Коалицијата за правично судење.

 

MK