Арбeр Адеми, Министер за образование и наука

Официјален е-маил:  

 

Арбер Адеми е министер за образование и наука во Владата на Република Македонија.

Роден е на 25.09.1985, во Куманово. Доктор на правни науки со докторска дисертација: „Решавање на трговски спорови пред меѓународна трговска арбитража“, реализирана од 2011 до 2015, на Правниот факултет на Универзитет во Тирана - Албанија.

Магистрирал на Правен факултет на Универзитетот во Тетово , со просечна оценка 9,85, каде што ги завршил и додипломските студии.

Од декември во 2017 до мај 2018 година беше Заменик министер за образование и наука.

Пред неговите обврски во Министерството за образование и наука беше доцент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.

Арбер Адеми бил Заменик Претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања (2016-2017).

Членувал во повеќе комисии и работни групи за правни и законодавни работи.

Учествувал на многубројни научни конференции во земјата и во странство, и како автор потпишал голем број научни статии и публикации од сферата на правото, меѓународно трговско арбитражно право, трговско право, облигационо право, правото на интелектуална сопственост, меѓународно приватно право, право на ЕУ, меѓународно јавно право.

Undefined