Асаф Адеми, Министер за култура

Официјален е-маил:  

 

Асаф Адеми е министер за култура во Владата на Република Македонија.

Роден е на 9 април 1980 година.

1997-2002 Дипломирал на Градежен факултет, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот факултет ги привршува магистерските студии по градежништво.

Пред да биде избран за министер за култура, е директор на канцеларијата на INSCALE Global's во Скопје, компанија која нуди услуги за развој на offshore на технолошките компании во Северна Европа.

Во периодот 2009-2013 беше Амбасадор на Република Македонија во Кралство Данска и активно работеше на градење силни билатерални односи меѓу Кралството Данска и Република Македонија, како и на поддршка на интеграцијата на Република Македонија кон Европската заедница.

Во периодот од 2003 до 2009 година извршувал функции во Општина Гостивар како раководител на сектор за урбанизам и заштита на животната средина, раководител на одделение за локален економски развој, и како консултант во Одделението за имплементација на проекти.

Учествувал во голем број проекти на УНДП, УСАИД, ГТЗ и други меѓународни организации во земјата и во странство.

Има повеќе од 15 години професионално искуство во човечки ресурси, стратешко планирање, комуникација и управување со конфликти, и искуство во водењето и растот на големи организации.

Undefined