Билен Саљији, Министер за правда

Билен Саљији е министер за правда во Владата на Република Македонија.

Официјален е-маил: kabinet@mjustice.gov.mk
Фејсбук страна: www.facebook.com/bilensaliji

Роден е во 1975 година во Добри Дол, општина Врапчиште.

Саљији има завршено средно образование во гимназијата „Панче Поповски” во Гостивар и Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово.

Од 2005 до 2009 година бил советник за односи со јавноста во Општина Врапчиште, а од 2009 до 2011 бил директор во ЈКП „Врапчиште“, Општина Врапчиште.

Во периодот од 2011 до 2017 година бил директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Саљији има положено правосуден и нотарски испит.

Говори македонски, албански и англиски јазик.