Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора

Едмонд Адеми е министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора.

Веб страна: http://www.diaspora.gov.mk
Фејсбук страна: www.facebook.com/ediademi.mk
Твитер профил: www.twitter.com/ademie
Инстаграм профил: www.instagram.com/ademie

 

Листа на вработени во кабинетот на министерот Едмонд Адеми
Јана Велковска - Шеф на Кабинет

е-маил: [email protected]
тел: +389 2 3133 252

м-р Марио Михајлов - Советник за економски и финансиски прашања

е-маил: [email protected]
тел: +389 2 3133 252

м-р Флорида Реџепи – Советник за образование, наука и млади е-маил: [email protected]
тел: +389 2 3133 252
м-р Реџеп Салиу - Посебен советник за надворешна политика и дипломатско-конзуларни прашања е-маил: [email protected]
тел: +389 2 3133 252
Александра Порчу-Фрчкоска - Личен асистент е-маил: [email protected]
тел: +389 2 3133 252

 

Роден е на 29.06. 1975 година во Тетово.
Дипломирал на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Филозофски факултет – Институт за Социoлогија - Скопје.

На 31 мај 2017-та година е избран за министер без ресор во Владата на Република Македонија. На првата седница на Влада, одржана на 05.06.2017 год. од страна на Премиерот на Република Македонија е задолжен за министер за односи со дијаспора.

Од март до јуни 2016-та година, во време на големиот мигрантски бран е именуван за специјален советник на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со задача за координација на активностите на министерството со меѓународната заедница за справување со мигрантската криза.

Од 2011 до 2015-та година е извршен директор на Институтот за политички и економски истражувања “Либерта“ – Скопје.
Од март 2009 до јануари 2011-та година работи како надворешен специјалист за политичка комуникација за Американската консултатнска куќа “Пен Шоен Берланд” од Вашингтон.

Од септември 2006 до март 2009-та работи во Амбасадата на САД во Скопје, прво како специјалист за медиуми и јавна дипломатија, а подоцна и како асистент на двајца амбасадори на САД во Македонија - Џилијан А. Миловановиќ и Филип Рикер.

Од октомври 2005 до август 2006-та, работи како политички советник на министерот за одбрана на Република Македонија.

Од јуни 2002 до октомври 2005-та работи во Европската агенција за реконструкција, прво како помошник портпарол на агенцијата, а подоцна и како портпарол на агенцијата.

Работниот ангажман исто така ги вклучува и ОБСЕ и Националниот демократски институт (НДИ) во периодот 2000-2002 година.

Автор е на неколку публикации:

- „Импотентен парламент - како да го подобриме?", објавен во јануари 2012 година.
- „Евроскептицизмот во Македонија - реална закана или блеф", објавен во септември 2012.
- „Млади и социјална интеграција во постконфликтни општества", објавен во 2002.

Добитник е на неколку признанија и награди, како: „Амбасадор на знаење“, награда доделена од страна на Академијата за доживотното учење и министерството за економски развој и технологија на Република Словенија - во јуни 2016, како и престижната награда на Америчкиот Стејт департмент – „Франклин Авард“ за исклучителен придонес во креирање и подобрување на поефикасни системи на работа во рамките на Амбасадата на САД во Република Македонија.

MK