Љупчо Николовски

Функција: 
Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Е-пошта: 
info@mzsv.gov.mk
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Љупчо Николовски е роден на 20.08.1983 година во Крива Паланка. Дипломирал на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ во Скопје, насока финансиско право во 2007г.

Со дипломата - специјалист по политички менаџмент се стекнал на Нов Бугарски Универзитет, бугарски факултет за политики и Совет на Европа.

Николовски е овластен претставник за заштита на правата на индустриска сопственост пред Државниот завод за индустриска сопственост од 2012 г. 

Магистрант е на програмата за Административно право и Јавна администрација на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ Скопје .

Во периодот од 2009 - 2011 работи како консултант и секретар за корпоративно управување во Институтот за директори Скопје, како консултант во „AAG, Analysis and Advisory Group“, со фокус на човечки ресурси и деловно право, ЕУ фондови и финансирање.

Од февруари 2014 ја врши функцијата шеф на кабинет на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Од 15-ти ноември 2015 до 30-ти Декември 2016 г. е дополнителен заменик министер во Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Македонија.

Во јуни 2017 стапи на функцијатата министер за Земјоделство, шумарство и Водостопанство во Владата.

Во јули 2019 е назначен за генерален секретар на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Од 4 август до изборот за заменик на претседателот на Владата на РСМ, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е пратеник во Собранието на РСМ.

Во јануари 2022 стапи на функцијатата министер за Земјоделство, шумарство и Водостопанство во Владата.

Николовски е Член на Унијата на правници на Република Македонија, Член на Македонската Унија на Млади Правници, член на Македонската Комора на Правници, и Ambassador of Knowledge - Life learning Academia - Organization for Certification and Professional Knowledge Process Management – Љубљана, Словенија. 

Течно говори англиски и италијански јазик.