Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи

Оливер Спасовски е заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи.

Официјален е-маил:  
Фејсбук страна: www.facebook.com/o.spasovski
Твитер профил: www.twitter.com/o_spasovski
Инстаграм профил: www.instagram.com/oliverspasovski

 

Спасовски е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Спасовски својата професионална кариера ја зпаочнува како адвокатски приправник. Од 2001 до 2005 работи како соетник на градоначалникот на Општина Куманово, а од 2008 до 2011 година работи како секретар на Општина Куманово.

Во периодот од 2006 до 2008, од 2011 до 2014, и од 2016 до 2017 година, Спасовски бил пратеник во Собранието на Република Македонија.

Како докажан професионалец и познавач на безбедносната политики, но и со предходно докажаната посветеност, Оливер Спасовски на 31 мај 2017 година по трет пат е избран за министер за внатрешни работи.

Спасовски предходно во два наврати ја извршуваше функцијата како прв човек на министерството за внатрешни работи, и тоа првиот пат од 11.11.2015 година до 18.05.2016 година и вториот пат од 02.09.2016 година до 29.12.2016 година.

MK