Зорица Апостолска, Mинистеркa без ресор задолжена за странски инвестиции

Зорица Апостолска е министеркa без ресор во Владата на Република Македонија, задолжена за странски инвестиции.

Официјална е-маил адреса на министерката Z.Apostolska@gs.gov.mk

 

Дипломирала на Економски факултет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје - насока, банкарство и финансии. Во својата професионална кариера се стекнала со повеќедецениско искуство од областа на банкарството и финансиите.

На почетокот на својата професионална кариера, до 1993 година Апостолска работи како раководител на сметководствениот оддел, а потоа и како Директор на финансии и заеднички служби во „Металски завод Тито Инженеринг“.

Во периодот од 1993 до 2002 година, ангажирана е како советник во Министерството за труд и социјална политика во областа на пензиско и инвалидско осигурување.

До 2009 ја објавува функцијата директорка на Агенцијата за суперревизија на капитално финансиско пензиско осигурување и е основач на истата.

До моментот на именувањето, Апостолска работи како Директорка на дирекцијата за наплата од банкарство на мало во Стопанска банка АД Скопје.

Во текот на својата кариера се стекнува со неколку сертификати од обуки во областа на пензиските системи меѓу кои од Харвард институтот за меѓународен развој и Институтот на Светска банка.

Има посетувано многу меѓународни конференции и има објавено повеќе трудови во земјата и странство.


Zorica Apostolska - Minister Without Portfolio in the Government of the Republic of Macedonia, in charge of Foreign Investments

Zorica Apostolska graduated at the Faculty of Economics at the "St. Cyril and Methodius" University in Skopje, at the Department of Banking and Finance. In her professional career, she has gained several decades of experience in the banking and finance area.

At the beginning of her professional career, until 1993, Apostolska held the position of Head of the Accounting Department, and then Director of Finance and Joint Services at "Metalski Zavod Tito Inzinering" (Metal Factory Tito Engineering).

In the period  1993 to 2002, she was engaged as an Advisor in the Ministry of Labor and Social Policy in the area of Pension and Disability Insurance.

Until 2009, she was the Director of the Agency for Supervision of Fully Funded Pension Insurance and is the founder of the Agency.

Until the moment of appointment, Apostolska held the position of Director of the Retail Banking Directorate in Stopanska Banka AD Skopje.

During her career, she obtained several certificates of training in the area of pension systems, including the Certificates of the Harvard Institute for International Development and the World Bank Institute.

Zorica Apostolska has participated at many international conferences and has published several papers at home and abroad.