• Почна дијалогот за зголемување на минималната плата

    Околу проектираната минимална плата од 12.000 денари што беше и предизборно ветување, не треба да постои дилема, за тоа ќе има пари во ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерот за финансии Драган Тевдовски пред консултативната средба со претставниците на синдикатите на која присуствува и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

  • Поддршка од Норвешка за НАТО и ЕУ интеграцијата на Македонија

    Норвешка го поддржува приемот на Македонија во НАТО и ЕУ и е подготвена да и помогне во тој процес, истакна норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде по денешната средба во Скопје со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

  • Сопиште и Чешиново-Облешево ги подобруваат условите за живот со грант од ИПА програмата

    Грант од 237 илјади евра ќе користат општините Сопиште и Чешиново - Облешево од ИПА програмата рурален развој. Договорите за користење на средствата ги потпишаа министерот за финансии Драган Тевдовски и градоначалниците на Сопиште и Чешиново-Облешево, Стефче Трпковски и Костадин Личков.

  • Османи-Гарет: Македонија може да смета на британска поддршка за ЕУ и НАТО

    Македонија може да смета на поддршката од Обединетото кралство за своите евро и евро-атлантски аспирации, изјавил денеска Амбасадорот на Обединетото Кралство, Чарлс Едмунд Гарет на средбата со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.