• Министерот Попоски се сретна со турскиот претседател Ѓул

    Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во рамки на вториот ден од посетта на Република Турција се сретна со турскиот претседател Абдулах Ѓул, со министерот за европски прашања во турската Влада Егемен Багиш, како и со претседателот на Комисијата за надворешни работи во Големото народно собрание Волкан Боздаг, соопшти Министерството за надворешни работи.

  • Турска поддршка за Македонија пред самитот во Чикаго

    Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, во интервју за турскиот весник Хуриет, вели дека грчкото противење на македонското членство во НАТО, по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, не е веќе само неправедно, туку и незаконско.

  • Кралев: Загарантирана сигурноста на тестовите за државната матура

    Државната матура ќе помине непречено, а тестовите ќе бидат заштитени од пробивање, тврди министерот за образование и наука Панче Кралев еден месец пред полагањето државна матура во 2011/2012.

  • Средба на вицепремиерката Арифи со државниот секретар за ЕУ во шпанското МНР

    Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи, во рамки на работната посета на Кралството Шпанија, денеска оствари средби со државниот секретар за ЕУ во Министерство за надворешни работи на Шпанија Мендез де Виго и Монтојо, како и со членовите на Постојаната комисија за надворешна политика и членовите на Мешовитата комисија за ЕУ во Конгресот на пратеници.

  • Е-потсетник, нов проект на МИОА за известување на граѓаните за услуги од институциите

    Преку електронска пошта или СМС граѓаните најдоцна за шест месеци ќе имаат можност да добијат потсетување за достасување на обврската за вршење одредена административна услуга од пет институции, предвидува проектот „Е-потсетник“ на Министерството за информатичко општество и администрација.

  • Се продолжува рокот за „Купи куќа, купи стан“

    Рокот за аплицирање за субвенциониран станбен кредит преку проектот „Купи куќа купи стан“ се продолжува до 31 октомври 2012 година. Целта е да им се излезе во пресрет на граѓаните и градежниците, кои изразија голем интерес за овој проект.

  • Медијацијата во Македонија малку се користи

    Македонија во изминативе пет години откако е воспоставен системот на медијација не може да се пофали со позначајни резултати, туку напротив се соочува со значителни предизвици во функционирањето на системот, истакна министерот за правда Блерим Беџети денеска на тркалезната маса „Медијацијата во Република Македонија – како понатаму?“.

  • Во установата „25 Мај“ пуштен во употреба реновираниот оддел за опсервација и дијагностика

    Во јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ во скопската општина Бутел денеска беше пуштен во употреба реновираниот Оддел за опсервација и дијагностика.

  • Премиерот Груевски ги повика кинеските компании од Чингдао да инвестираат во Македонија

    “Постојат голем број тековни инвестициони проекти за подобрување на физичката инфраструктура, како што се модернизација на енергетскиот сектор и останатата физичка инфраструктура, каде што кинеските компании може да играат значителна улога”, изјави во својот говор Груевски.

  • Средба на министерот Димовски со министерот за енергија и водни ресурси на Израел

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во рамки на работната посета на Израел се сретна со министерот за енергија и водни ресурси, д-р Узи Ландау.

Pages