• Распишан оглас за изградба на секундарна и терцијарна гасоводна мрежа

    Владата распиша огласи за изградба на секундарна и терцијарна гасоводна мрежа преку јавно-приватно партнерство за Скопскиот, Западниот и Источниот регион. Вкупната проценета вредност за изградба на оваа гасоводна мрежа е околу 150 милиони евра.

  • Tри милиони евра за рамномерен регионален развој во 2017 година

    Tри милиони евра за вкупно 60 проекти предвидува годинашната Програма за рамномерен регионален развој.

  • Димитриев до Рама: И без вашето мешање ќе изнајдеме решенија

    Македонскиот премиер Емил Димитриев денеска му напиша писмо на албанскиот премиер Еди Рама во кое наведува дека постојаното мешање во внатрешните работи на Република Македонија прави голема штета на добрососедските односи и е спротивно на европските вредности.

  • Промовирана нова електронска услуга на Катастарот

    Граѓаните и бизнис заедницата од денеска можат да имаат увид во урбанистичките планови на целата територија на државата преку геопроталот на Агенцијата за катастар на недвижности преку врската: http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/. Тоа го овозможува новата електронска услуга што денеска беше промовирана во присуство на премиерот Емил Димитриев и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

  • Воведена новата службена униформа на АРМ

    Во Домот на АРМ денеска беше воведена новата службена униформа за офицери и подофицери во Армијата на Република Македонија која се состои од 20 делови. Покрај бројните високи гости, на настанот присуствуваше вицепремиерот Владимир Пешевски, министрите за одбрана и финансии Зоран Јолевски и Кирил Миноски.

  • Годинава поддршка за 69 проекти на креативните индустрии

    Шеесет и девет проекти од 90 пријавени на Конкурсот за финансирање проекти на креативните индустрии ќе бидат поддржани годинава од Министерството за култура.

  • Димитриев во посета на фабриката „Лион“ во Свети Николе

    Премиерот Емил Димитриев заедно со министерот за труд и социјална политика Ибахим Ибрахими и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски ја посетија фабриката за кондиторски производи „Лион“ во Свети Николе, каде што се вработени 176 лица, од кои 62 се лица со инвалидитет.

  • Средба Поповски - Данкан

    Реформските процеси, евроатланските перспективи на Република Македонија и внатрешната состојба, беа дел од темите на средбата помеѓу вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски и министерот за Европа и Америка при британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан.

  • Објавен оглас за самовработување на лица со попреченост

    Лицата со попреченост можат да аплицираат за добивање грант за самовработување во висина од еден до 1,5 милиони денари во зависност од степенот на попреченост. Лицата со помал степен на попреченост во една календарска година ќе можат да добијат до еден милиони денари, а оние со потешка попреченост, односно слепи лица или со поголем степен на телесен инвалидитет до 1,5 милиони денари.

  • Претставници на „Херитиџ“ му го предадоа годишниот извештај на Димитриев

    Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев денеска се сретна со директорот за трговија и економија на Фондацијата „Херитиџ“ и со менаџерот за истражување Антони Ким.

Pages