• МОН: Одобрени 32 проекта преку програмата на ЕУ „Хоризонт 2020“

    Преку програмата на Европската унија за поддршка на истражувања и иновации „Хоризонт 2020“, во која Македонија четврта година е полноправна и асоцијативна земја членка, досега се одобрени 32 проекта и две апликации за мобилност на истражувачи од нашата држава, за кои се распределени речиси два милиони евра.

  • За нов водоснабдителен систем во Гевгелија 1,7 милиони евра

    Со финансиска поддршка од ИПА фондовите во Гевгелија денеска почна реализација на проект за унапредување на водоводниот систем со кој треба да се подобри Водоснабдувањето на 17.000 жители во Гевгелија, Мрзенци, Моин, Богородица, како и Селеми и Стојаково во општина Богданци.

  • Миноски: ЕК со идентична проекција со Владата за невработеноста

    Последниот извештај објавен од Европската комисија ги потврдува добрите фундаменти на економските политики што ги спроведува Владата на Република Македонија и проекции за намалување на невработеноста.

  • На Клиниката за онкологија нова бесплатна терапија за шест вида карцином

    Се воведуваат нови лекови за терапија на шест типови малигни заболувања, што претходно не биле достапни во Македонија, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров при посетата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

  • ОУ „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје ќе добие спортска сала

    Основното училиште „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје до мај-јуни годинава ќе добие училишна спортска сала. Во изградбата на училиштето, која почна на крајот на септември, вложени се 32 милиони денари од буџетот на Министерството за образование и наука.

  • Мисајловски: Годинава изградба на рекорден број патишта

    Активности за изградба и обнова на 40-ина патишта, автопати, експресни, регионални и локални, најави за годинава министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

  • Тодоров: Извршено надворешно и внатрешно реновирање на Општата болница во Велес

    Со реновирањето Општата болница во Велес ќе добие нов надворешен и внатрешен изглед со што ќе се овозможат и подобри услови на работа на здравствените работници и подобри услови за престој на пациентите на лекување во оваа јавна здравствена установа. За болницата ќе се набави и најсовремена апаратура вредна околу 800 илјади евра.

  • Успешно завршена вежба на АРМ и МВР под инструкции на американските специјалци

    Завршна вежба од обука во која беше симулирано неутрализирања непријателска група денеска успешно ја извршија тимовите на специјалните единици на МВР и АРМ со инструктори од Специјалните единици на САД.

  • Попоски - Курц: Покажавме дека Македонија и Австрија можат одлично да соработуваат

    Придонесот на Македонија за затворање на Балканската мигрантска рута денеска уште еднаш е потенциран од страна на австрискиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Себастијан Курц, кој заедно со неговиот домаќин, вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски беше во посета на каменот 49 на македонско-грчката граница во близина на Гевгелија, каде минуваше оваа рута.

  • Два милиона евра за најсовремена медицинска опреба во Болницата во Тетово

    Министерството за здравство го почна големиот циклус на набавка на нова и најсовремена опрема за јавните здравствени установи во Република Македонија. Со проектот вреден 33 милиони евра, ќе се набави опрема за над 100 јавни здравствени установи низ целата држава. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.

Pages