• Димитров: Владата сериозно подготвена да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО

    Новата реформска Влада на Република Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена нашата земја да стане дел од евроатлантските интеграции, а тоа е шанса не само за Република Македонија, туку и за регионот, како и за процесот на пристапување, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров на состанокот на лидерите од Процесот „Брдо Бриони”.

  • Укинато екстерното тестирање

    Ве известуваме дека на 01.06.2017 година Собранието на Република Македонија донесе Закон за изменување на Законот за основното образование, Закон за изменување на Законот за средното образование и Закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта со кои се укина екетсрното тестирање. Истите се објавени во “Службен весник на Република Македонија” бр. 67 од 1 јуни 2017 година и стапија во сила со денот на нивното објавување.

  • Заев ја презеде премиерската функција

    Новиот премиер Зоран Заев денеска во Владата на Република Македонија ја презеде функцијата од Емил Димитриев. Заев беше придружуван од неколку членови од новиот владин кабинет.

  • Избрана новата Влада на Република Македонија

    Собранието на Република Македонија пред полноќ со 62 гласа „за“, 44 „против“ и пет „воздржани“ ја избра новата Влада. Владиниот кабинет на премиерот Зоран Заев ќе има 25 министри.

  • Честитка од премиерот Димитриев по повод рамазанските пости

    Премиерот Емил Димитриев, по повод започнувањето на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија во Република Македонија, Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до верниците од исламска вероисповед.

  • Промовирани нови 29 дела од две едиции на капиталниот проект на Владата

    Нови 29 дела од едициите „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ и „Светско книжевно богатство“ од капиталниот проект на Владата и Министерството за култура денеска беа промовирани во Скопје.

  • Ќе се реализира проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

    Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу потпиша Меморандум за разбирање и соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) претставуван од раководителот на проектот Небојша Мојсоски и директорот на УСАИД Џемс Стејн, за спроведување на проект МИМО (меѓуетничка интеграција на младите во образованието) во основните и средните училиште како и општините.

  • Целосно реконструирана Клиничката болница во Битола

    Завршена е темелната реконструкција на Клиничката болница во Битола која опфати целосна промена на покривот, фасадата и прозорците. Инвестицијата е вредна 107 милиони денари.

  • Македонија во чест на свети Кирил во Рим

    Во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска, во Рим, ја предводеше државно црковната делегација на молебенот на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“.

  • Промовирани нови наслови од проектот „Превод на 1.200 стручни и научни книги“

    Нов 31 наслов од проектот за „Превод на 1.200 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на најдобрите десет светски универзитети“ денеска беа промовирани во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Pages