• Нов имунолошки анализатор во Детската болница Козле

    Нов имунолошки анализатор доби Детската болница Козле. Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Детската болница Козле, по што изјави дека со набавката на новиот апарат времето на чекање за добивање резултат од седум до десет дена ќе се намали на еден час.

  • Субвенции од 31 милион денари за домашна документарна и играна програма

    Триесет и еден милион денари изнесуваат субвенциите за годинава од државата за продукција на домашна документарна и играна програма.

  • Се унапредува стручното средно образование со грантови од МОН

    Средните училишта заедно со компании, а со поддршка на Министерството за образование и наука, преку проект на Светската банка, го унапредуваат и зајакнуваат квалитетот на средното стручно образование.

  • Нови 10.000 работни места со Оперативниот план за вработување за 2017

    Нови 10 илјади вработувања е планирано да се реализираат со мерките и програмите од Оперативниот план за вработување за 2017 година, за што се предвидени 14 милиони и 200 илјади евра, или 2,6 милиони евра повеќе од лани. Од вкупниот број планирани нови работни места најголем дел или околу 5.000 се очекува да бидат креирани преку проектот „Македонија вработува 2“.

  • Промовирани нови дела од едицијата „Македонски искушенија“

    Четири нови дела од капиталната едиција „Македонски искушенија“ во која се содржани 50 нови изданија кои го воздигнуваат нашето историско минато, беа промовирани денеска во Порта Македонија. Станува збор за делата „Светите Кирил и Методиј“, „Пере Тошев“, „Дамјан Груев“ и „Најпознатите македонски војводи“.

  • МОН: Одобрени 32 проекта преку програмата на ЕУ „Хоризонт 2020“

    Преку програмата на Европската унија за поддршка на истражувања и иновации „Хоризонт 2020“, во која Македонија четврта година е полноправна и асоцијативна земја членка, досега се одобрени 32 проекта и две апликации за мобилност на истражувачи од нашата држава, за кои се распределени речиси два милиони евра.

  • За нов водоснабдителен систем во Гевгелија 1,7 милиони евра

    Со финансиска поддршка од ИПА фондовите во Гевгелија денеска почна реализација на проект за унапредување на водоводниот систем со кој треба да се подобри Водоснабдувањето на 17.000 жители во Гевгелија, Мрзенци, Моин, Богородица, како и Селеми и Стојаково во општина Богданци.

  • Миноски: ЕК со идентична проекција со Владата за невработеноста

    Последниот извештај објавен од Европската комисија ги потврдува добрите фундаменти на економските политики што ги спроведува Владата на Република Македонија и проекции за намалување на невработеноста.

  • На Клиниката за онкологија нова бесплатна терапија за шест вида карцином

    Се воведуваат нови лекови за терапија на шест типови малигни заболувања, што претходно не биле достапни во Македонија, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров при посетата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

  • ОУ „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје ќе добие спортска сала

    Основното училиште „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје до мај-јуни годинава ќе добие училишна спортска сала. Во изградбата на училиштето, која почна на крајот на септември, вложени се 32 милиони денари од буџетот на Министерството за образование и наука.

Pages