• Македонија ќе произведува муниција и лично наоружување за НАТО

    Македонија ќе произведува муниција и лично наоружување за НАТО

    Во Македонија почнува изградбата на најсовремена фабрика за оружје, муниција и опрема. Американската Броудстоун Дифенс денеска и официјално го означи почетокот на инвестицијата вредна пет милиони долари во месноста Барбарос, кај Македонски Брод, каде на 10 хектари е предвидено да има пет хали за производство, една административна зграда и дел за складирање.

  • Средба Димитриев - ДИК: Исполнети сите услови за фер избори

    Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев,оствари средба со членовите на Државната изборна комисија, на која присуствуваа и дел од членовите на Владата на Република Македонија.

  • Изложба на дела од македонски автори наследени од сукцесијата на поранешна СФРЈ

    Изложба на дела од македонски автори наследени од сукцесијата на поранешна СФРЈ

    Дела од најпознатите македонски автори заслужни за равојот на македонската модерна уметност во 20. век, како Личеноски, Мартиноски, Коџоман и Мазев, се меѓу 46-те платна од македонски автори наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ.

  • Рудникот „Тораница“ започна со работа

    Рудникот за олово и цинк „Тораница“ од Крива Паланка од денеска повторно почнува со работа. Рестартирањето на рударскиот капацитет беше одбележано со симболичен настан во општината, во соработка со новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“.

  • Работна посета на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто на Република Македонија

    Работна посета на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто на Република Македонија

    Денеска, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, престојуваше во работна посета на Република Македонија. Во рамки на посетата министерот Сијарто оствари средба со заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.

  • Во Штип се садат 50 илјади садници

    Во Штип се садат 50 илјади садници

    Во рамки на акцијата „Ден на дрвото“, која се спроведува по 17-ти пат, во Штипско ќе бидат засадени 50-тина илјади садници, а во самиот град илјада. Дрвце во Штипско денеска засади дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев.

  • Јолевски засади дрвце со војниците на караулата на ГП „Богородица“

    Јолевски засади дрвце со војниците на караулата на ГП „Богородица“

    Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ја посети караулата на граничниот премин Богородица каде со припадниците на Армијата на Република Македонија кои ја обезбедуваат нашата јужна граница со Грција засади дрвца во рамки на акцијата „Ден на дрвото“.

  • Димитриев: Од идната година ќе засадуваат по пет милиони дрвца

    По пет милиони дрвца ќе се засадуваат секоја година преку традиционалната манифестација „Ден на дрвото“ и Програмата за проширена репродукција на шумите, рече денеска премиерот Емил Димитриев кој, во рамки на 17. Акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ посади дрвце во градинката „Ѕвездичка“ во Кочани.

  • Македонија пошумена со нови 2,6 милиони садници

    Над два милиона садници на 500 илјади хектари денеска беа посадени во 30 катастарски општини на територија на Република Македонија во рамките на 17. акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. За пошумување се користеше црн и бел бор, багрем, јасен, јавор, чемпрес, аризонски чемпрес, смрча, дуглазија, даб, питом костен, дива круша, црн орев...

  • Курц: Со фер избори и итните реформски приоритети до преговори со ЕУ

    Курц: Со фер избори и итните реформски приоритети до преговори со ЕУ

    Спроведувањето на слободни и фер избори заедно со имплементација на итните реформски приоритети ќе и овозможат на Македонија да се врати на патот кој ќе ја води кон отворање на преговори за членство во ЕУ, изјави денеска во Скопје шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц по средбата со неговиот македонски колега Никола Попоски.

Pages