• Попоски на министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС во Вашингтон

    На покана од Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Рекс Тилерсон, Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, на 22. март. 2017., учествуваше на Состанокот на министри за надворешни работи на земјите-членки на Глобалната Коалиција за борба против ИСИС, што се одржа во зградата на Стејт департментот на САД, во Вашингтон.

  • Канческа–Милевска се сретна со амбасадорката на Турција Тулин Еркал Кара

    Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Република Турција во Македонија Тулин Еркал Кара.

  • Мисајловски: Работиме на проекти на изградба на коридорите 8 и 10

    Посветени сме на реализација на проекти по должината на коридорите 8 и 10, со цел подобрување на транспортна инфраструктура и зголемување на квалитетот на услугите и конкурентноста на нашата мрежа на овие коридори, истакна денеска македонскиот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски на министерскиот состанок за инвестициите во транспортот во земјите од Западен Балкан, што се одржува во Софија.

  • Попоски се сретна со Тилерсон

    Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски вчера учествуваше на состанокот на коалицијата за борба против Исламската држава во Ирак и Сирија, кој се одржа во Вашингтон. Домаќин на состанокот на алијансата против ИСИС беше американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, при што на маргините на самитот Попоски ја имаше и првата средба со новиот шеф на американската дипломатија.