• Директорот на Меѓународна агенција за атомска енергија во посета на ПЕТ Центарот

    Финализираа сите активности пред отпочнување на ЈЗУ Универзитетски Институт за позитронско емисиона томографија (ПЕТ Центар) со работа со пациенти. По тој повод денеска во посета на ПЕТ Центарот беа генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано и вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров.

  • Промовирани нови 29 дела од две едиции на капиталниот проект на Владата

    Нови 29 дела од едициите „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ и „Светско книжевно богатство“ од капиталниот проект на Владата и Министерството за култура денеска беа промовирани во Скопје.

  • Ќе се реализира проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

    Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу потпиша Меморандум за разбирање и соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) претставуван од раководителот на проектот Небојша Мојсоски и директорот на УСАИД Џемс Стејн, за спроведување на проект МИМО (меѓуетничка интеграција на младите во образованието) во основните и средните училиште како и општините.

  • Целосно реконструирана Клиничката болница во Битола

    Завршена е темелната реконструкција на Клиничката болница во Битола која опфати целосна промена на покривот, фасадата и прозорците. Инвестицијата е вредна 107 милиони денари.