Здравствена заштита

 

Здравствениот     систем    континуирано   се    реформира    во    насока    на подобрување, унапредување и одржување на здравјето на населението. Владата ќе продолжи и понатаму да работи на создавање на здравствен систем во кој сите граѓани ќе бидат рамноправни во нивните права и  одговорности. Финансирањето на системот за здравствена заштита и натаму  ќе  се  заснова  на   здравственото  осигурување  и  на  начелата  на  заемност, солидарност и правичност, во насока на зачувување на неговата одржливост.

Во периодот 2014–2018 година ќе бидат реализирани следните проекти, мерки и реформи:

· Изградба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде ќе бидат сместени најмалку 25 клиники и неколку институти, и тоа: Клиника за пулмологија споена со Институт  за  туберкулоза   и  Клиника  за  белодробни  заболувања,  Клиника  за нефрологија,  Клиника  за  дерматологија,  Клиника  за  кардиологија,  Клиника  за неврологија,  Клиника  за  гастроентерохепатологија,   Клиника  за  ревматологија, Клиника за токсикологија, Клиника за хематологија, Клиника за ендокринологија, Очна  клиника,  Клиника  за  уво, нос  и грло, Клиника  за  радиологија,  Клиничка биохемија, Институт за трансфузиологија, Институт за патологија и хистопатологија, Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина, Институт за микробиологија и паразитологија, Институт заслух, говор и глас, Итни случаи (терцијарно ниво)  Клиничка аптека, Клиника  за  психијатрија,  Клиника   за трауматологија, Клиника за ортопедија, Клиника за неврохирургија (2014–2018)

· Изградба на нова Клиничка болница во Штип со капацитет од 354 легла, во која ќе бидат сместени одделенија за: хируршки болести, уролошки болести, ортопедија и трауматологија, акушерство, очни болести, оториноларингологија, внатрешни болести,  градни болести и ТБЦ, невролошки болести, психијатриски болести, максилофацијална  хирургија, детски болести,  неврохирургија, онкологија (со аплицирање на цитостатска и зрачна терапија), кожно-венерични болести (2014–2018)

· Опремување на Клиничката болница во Тетово со медицинска и друга опрема (2014-2015)

· Реконструкција   на   Клиничката   болница   во   Тетово   или   други   решенија   за обезбедување на просторни услови за одделенија за онкологија, дерматовенерологија и инфективно одделение и нивно опремување, вклучително и одделот за храна (2015-2018)

·  Изградба на Општата болница во Кичево која ќе ги содржи следните содржини: дијагностички  центар  со  третман,  стационар  за  болните  лица,  гинекологија  и акушерство, хирургија, интерна медицина и амбулантски дел (2014–2016)

· Реконструкција на Здравствениот дом во Крива Паланка во кој ќе се сместат ургентен центар, амбуланти, лабораторија и други помошни простории (2014)

· Оспособување на нов простор за потребите на Универзитетска клиника за државна кардиохирургија (2014)

· Целосна реконструкција на Специјална болница Св. Еразмо во Охрид која ќе се одвива во две  фази: реновирање на централната – стараболничка зграда  на Специјалната болница за  ортопедија и трауматологија (2015–2017) и доградба на централната стара болничка зграда (2017–2019)

· Реконструкција  на  Градска  општа  болница  „8  Септември“.  Во  првата  фаза  е предвидена  изградба  на  бункер  за  акцелератор,  додека  во  втората  фаза  се предвидени реконструктивни зафати (2018)

· Реконструкција на Општата болница во Струмица (втор квартал од 2017–2019)

· Реконструкција на кровот на Општата болница во Струга (2016)

· Реконструкција на Специјалната болница за хируршки болести  „Св.   Наум Охридски“ (четврти квартал на 2017–2019)

· Реконструкција на психијатриската болница во Демир Хисар (четврти квартал на 2017–2019)

· Отворање на регионални нефролошки пунктови во 5 региони во Македонија за рано откривање на нефролошките заболувања и лекување на  евентуалните компликации од дијализа (2016)

· Основање на Центар за спинална хирургија каде ќе се изведуваат низа хируршки зафати и интервенции со различно ниво на сложеност (2014–2015)

· Отворање на регионални центри за мозочен удар во клиничките болници во Битола, Тетово и Штип. (четврт квартал на 2017)

· Формирање  на  Центар  за  рани  во  Геронтолошки  завод  „13  Ноември“,  со  што значително ќе се растоварат хируршките и интернистичките оддели (2017–2018)

· Формирање на Центар за Хронична опструктивна болест во рамки на Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични неспецифични, респираторни и алергиски заболувања во Отешево (четврт квартал на 2017)

· Изградба  на  Центар  за  лица  заболени  од  Алцхајмер  во  Штип  за  обезбедување медицинска грижа и рехабилитациона поддршка на пациентите (2018)

· Центар за аутизам во рамки на Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост” при Здравствен дом Скопје (2017)

· Трансформација на Здравствен центар Липково во здравствен дом (2014)

· Поликлиника Сарај (2017)

· Развој на центри за палијативна грижа во сите поголеми градови во Македонија: Штип, Тетово, Гостивар, Куманово, Прилеп, Струмица, Охрид, каде во постојните болнички капацитети ќе бидат одредени од 5 до 10 кревети за палијативна грижа (2017–2018)

· Регионални дневни центри за лекување на депресија во рамките на центрите за јавно здравје и здравствените домови (четврт квартал на 2016)

· Поврзување на платите на директорите со критериуми и индикатори, со што ќе се зголеми одговорноста во нивното работење и подобри финансиското работење на установите (2016)

· Вреднување на знаењето на дел од здравствените работници кои биле вработени со средно стручно образование, а во меѓувреме завршиле високо образование, преку систематизација на работните места (јули 2016)

· Стимулирање на крводарителски акции во јавната администрација (2015)

· Трансплантација  на матични клетки од несроден дарител преку зајакнување на постојниот  национален регистар за донори на матични клетки, набавка на нова опрема и едукација на кадар во центарот за харвестрација на матични клетки при Институтот за трансфузиона медицина и центарот за трансплантација на матични клетки кој се наоѓа во Универзитетската клиника за хематологија (2017–2018)

· Проширување на програмата  за трансплантација  преку обезбедување  бесплатни испитувања за сите потенцијални донори на органи и коскена срцевина со цел да се утврди дали  се исполнети сите потребни услови за донирање на орган (јануари 2015)

· Зголемување на правата на донорите на органи и коскена срцевина преку измени на законската регулатива и изедначување со правата на крводарителите (2014)

·  Подобар  живот  за  дијабетичарите  преку  обезбедување  на  инсулинска  пумпа, проширување на  програмата за 2015 година, зголемување на бројот на ленти за сите дијабетичари итн. (2017–2018)

· Плаќање  по  учинок  за  континуирана  надградба  и  усовршување  на  системот  за пресметка  на   плата  базиран  на  резултатите  од  работењето  на  работникот  и ефикасноста на користење на работното време

· Проект  за  еднаков  квалитет  на  здравствената   услуга  за  секој  граѓанин  во Македонија  преку контроли на Фондот за здравство за тоа дали се почитуваат клиничките упатства за лекување во болниците во Македонија (2016)

· Воведување на нова метода за фетална ехокардиографија (2016)

· Подигнување  на  нивото  на  хоспитална  култура,  воведување  на  индикатори  за квалитет  и   промовирање  на  здравствени  установи  насочени  кон  пациентите (2014–2018)

· Обуки на доктори и друг здравствен персонал со коишто ќе бидат опфатени 500 лица, кои по спроведената обука ќе треба да воведат нова метода, интервенција или вештина

· Специјализации во странство од повеќе области за 70 специјализанти во Германија, Хрватска, Словенија, Србија и Бугарија кои се во редовен работен однос во јавните здравствени   установи   од   областа   на:   кардиохирургија,   торакална   хирургија, дигестивна  хирургија,  васкуларна   хирургија,  неврохирургија,  анестезиологија, гинекологија и акушерство, гастроентерохепатологија, офталмологија, оториноларингологија, ортопедија, трауматологија, неврологија, радиологија, урологија, дигестивна хирургија, педијатрија и неонаталогија

· Воведување на 100 нови методи-интервенции со цел искористување на опремата и обезбедување на дополнителни поквалитетни услуги (од септември 2014)

· Ќе се формира Управа за електронска евиденција во здравството – МојТермин, која ќе  биде   задолжена  за  усовршување  и  одржување  на  постојниот  систем  за закажување  на  здравствени  прегледи,  при  што  ќе  биде  опфатена  надградба  и интеграција  на   информатичките  системи,  собирање  и  анализа  на  податоци  и едукација на здравствените работници (јануари 2015)

· Воведување на е-Потврда за ортопедско помагало којашто ќе овозможи заверката на помагалата да ја вршат матичните и лекарите-специјалисти (септември 2014)

· Со  цел  скратување  на  потребните  документи,  полесна  и  побрза  постапка  за осигурениците, преку електронско поврзување и размена ќе се овозможи електронски да се поднесуваат  следниве  барања:

- барање за надоместок за боледување по типови и дијагнози

- барање за добивање решение за ослободување од партиципација

- барање за рефундација на средства за лекови на рецепт

- барање за рефундација на средства за болничко лекување

- барање за рефундација на средства за патни трошоци

- барање за рефундација на средства за повеќе наплатена партиципација

- барање за добивање на решение за медицинска рехабилитација (крај 2014)

· Автоматско  спроведување  на  пријава  и  одјава  во  здравствено  осигурување  за лицата во работен однос и членовите осигурени преку нив (септември 2014)

· Укинување на хартиен рецепт и упат и воведување на електронски рецепт и упат преку користење на електронските здравствени картички (трет квартал на 2015)

· Со целосното имплементирање на информатичките системи во здравството ќе се исфрлат од употреба здравствените книшки (2015)

· Замена на хартиените со електронски потврди за крводарители и донори на орган за ослободување од плаќање на здравствена партиципација (2015)

· Воведување на целокупно електронско работење во ФЗОМ преку имплементација на DMS (Data Management System) во Фондот (крај на 2017)

· Електронска достава на потврди за редовни студенти преку воведување на сервис со кој податоците за редовните студенти кои запишале семестар ќе бидат доставени од факултетите по  електронски пат до Фондот за сите студенти од тој факултет наместо секој студент посебно да доставува потврда за себе (октомври 2014)

· Окрупнување  на  здравствените  капацитети  за  поголема  ефикасност  и  подобра услуга преку  спојување на болниците, здравствените домови и центрите за јавно здравје во градовите низ државата и оние што се наоѓаат во близина (2016–2018)

· Воведување на нови протоколи за ургентна тријажа, интензивна нега, третман на заболени со хемофилија и профилакса кај хемофилија (2015)

· Формирање на регистар на пациенти со ретки болести (2016)

· Храна  за  лица  со  ретки  болести  на  товар  на  ФЗОМ  преку  проширување  на постојната листа на ортопедски помагала со нутритивни продукти потребни за дел од лицата со ретки болести (јуни 2014)

· Рационално  користење  на  лекови  и  намалување  на  непотребно  користење  на антибиотици преку зголемување на информираноста на осигурениците за правилното користење на антибиотици и контрола на лекарите при издавање на истите (континуирано)

· Приближување  на  ФЗОМ  до  граѓаните  преку  отворање  на  канцеларии  во  сите општини на  град Скопје, Богданци, Демир Капија, Кривогаштани и во Дојран за време на туристичката сезона (декември 2015)

· Вработените на ФЗОМ ќе се грижат за хроничните болни преку следење на нивната болест и  потсетување на овие лица за сите потребни прегледи кои треба да ги изврши во текот на годината на примарно и секундарно ниво (2016)

· Слободни       здравствени   зони   со    цел   обезбедување    на    поволни   услови    за привлекување на странски инвестиции во областа на здравството и привлекување најсовремена  здравствена  технологија,  како  и  поттикнување  на  здравствениот туризам (отворање на прва слободна здравствена зона во 2017)

· Следење  на  вакцинацијата  во  реално  време  преку  воведување  на  регистри  за задолжителна вакцинација на децата (2015–2016)

· Воведување  на  поливалентни  вакцини  препорачани  од  Светската  здравствена организација (2014)

· Телефонска  линија  за  медицински  совети  која  ќе  пружа  советодавни  услуги  и упатства за сите граѓани на Македонија (2015)

· Побрза исплата на породилните надоместоци и боледувањата преку фирмите во        исто  време  со  исплатата  на  платите,  при  што  ФЗОМ  ќе  врши  надомест  на работодавачите (јуни 2015)

· Поедноставување  на  постапката  за  пререгистрација  за  добивање  здравствено осигурување на лицата со ниски примања, кои истата ќе може да ја вршат без да поднесуваат изјава за остварени приходи. Овие податоци ФЗОМ ќе ги обезбедува од УЈП (декември 2014)

· Подобрување  на  квалитетот  на  дијализата  преку  зајакнување  на  контролите  на квалитет   и   воведување   на   електронско   следење   на   дијализните   центри   за извршување  на  дијализата   за  осигурениците  и  концесионерите  кои  ќе  вршат дијализа (јануари 2015)

· Олеснување на начинот на живот на пациентите на дијализа преку воведување на трета смена во дијализните центри (јануари 2018)

· Зголемување на финансиските средства од ФЗОМ наменети за трансплантации на бубрег  од  жив   донор  и  примена  на  кадаверичната  трансплантација  со  цел намалување на бројот на пациенти кои користат дијализа (континуирано)

· Воведување  на  дополнителна  листа  за  ортопедски  помагала  која  ќе  содржи нестандардни и  ретки помагала со можност за доплата над основното помагало (2016-2018)

· Медицинска   рехабилитација за мултиплекс склероза, ревматоиден  артрит и онколошки заболувања кај деца (2015)

· Преку законски измени нашите иселеници ќе се изедначат со македонските граѓани во системот на здравствено осигурување со усогласување на стапката на придонес (јуни 2014)

· Формирање на специјализиран центар за цистична фиброза со цел спречување на интрахоспитални инфекции (2016)

· Редовно   годишно   мерење   на   задоволството на пациентите и креирање на национална ранг-листа на најдобри болници (јули 2014–континуирано)

· Унапредување на улогата на сестрите и акушерките во системот преку регулирање на  нивните професии  и  воведување  на  академски  студии  по сестринство  и акушерство (октомври 2015)

· Отворање Банка за донирано мајчино млеко при Универзитетската  клиника  за гинекологија и акушерство (јануари–март 2015)

· Национална  кампања  за  органодарителство  за  подигање  на  јавната  свест  кај населението (2014-континуирано)

· Отворање на ПЕТ-Центар во Македонија како современ здравствен објект во кој ќе биде   вградена   најсовремена опрема за радиофармација, радиопротекција и дијагностика, лоциран во кругот на Градската општа Болница „8-ми Септември“, Скопје (август 2015)

· Нови лекови на рецепт достапни за пациентите - проширувањето на листата ќе се однесува на  третирање на индикации за кои во светот постои нова посовремена терапија како и за индикации за кои до сега воопшто не биле вклучени лекови на товар на ФЗОМ (2015–2018)

Симнете ја програмата во PDF