Премиерот Груевски се сретна со американскиот амбасадор Бејли

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денес (среда, 18.02.2015 година) оствари средба со г-дин Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

На средбата беа поздравени билатералните односи помеѓу двете земји и беше изразена посветеноста кон нивно континуирано унапредување и продлабочување.

Беше истакната определбата за интензивирање на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

Соговорниците разговараа за реформите кои се спроведуваат во Република Македонија и за актуелната политичка состојба, при што премиерот Груевски ја истакна стратешката определба на нашата земја за интеграција во евро-атлантската заедница и за унапредување на стандардите во сите општествени сфери.

Соговорниците го истакнаа и значењето на соработката во областа на мировните мисии во кои учествуваат и македонските мировници под раководство на НАТО.

Двете страни разговараа и за можностите за зголемување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.