Оглас за 420 грантови за самовработување

Сите заинтересирани невработени лица од денеска до 30 април можат да аплицираат за финансиска подршка за самовработување преку отворање мал бизнис во износ од 200 илјади денари.

Како што информира денеска на прес-конференција заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов средствата  во износ од 85 милиони денари се наменети за 420 грантови за самовработување.

Јавниот повик што е објавен денеска е втора фаза од оваа мерка. Во првата фаза објавена на почетокот на годинава, чија реализација е при крај, беа озбезбедени средства за вкупно 500 грантови за формирање мали бизниси.

За годинава, појасни Спасов, за реализација на оваа мерка се обезбедени вкупно средства во висина од 207 милиони денари за финансиска поддршка на 920 мали бизниси. 

- Апелирам сите невработени кои имаат идеја за основање мал бизнис да ја искористат можноста и овие неповратни финансиски средства од 200 илјади денари за основање компанија, рече Спасов

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Мкаедонија Влатко Поповски информира дека одредени граѓани кои ќе учествуваат на оваа мерка и ќе се јават на овој оглас ќе добијат дополнителни 2.000 евра неповратни средства доколку нивните бизниси бидат прогласени за иновативни односно за економско и финансиски одржливи бизниси. 

Прогласувањето на овој тип бизниси, појасни тој, ќе биде во септември по завршување на втората фаза, со тоа што тогаш ќе бидат доделени дополнителните 2.000 евра кои ќе формираат фирма за нивниот иновативен бизнис кој ќе го рапорат.

Поповски потенцира дека на овој втор оглас можат се се вклчучат сите лица кои учествувале во првиот оглас, кои ќе ја поминат обуката, а не успеале да влезат во изборот на квалитетни бизнис планови. Ако имаат нова идеја, рече тој, ќе можат да се вклучат директво во втората фаза од овој циклус.

Слободанка Алексовка, директор на Центарот за вработување во Скопје, соопшти дека нема да се доделуваат грантови за основање бизниси од земјоделска дејност односно дејност од секторот АА одел 1 растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, од трговија на големо и дистрибуција, трговија и дистрибуција на оружје, финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа. бизнии од областа на транспортот такси превозот, и бизниси повразни со недвижности и конуслтантски услуги. сите други дејности се предмет на грантот.

Во текот на изминатиот период од спроведувањето на мерката се регистрирани 7.720 мали приватни компании кои опстојуваат и преку кои се вработени над 7.900 лица.