Самовработување на лица со попреченост преку отворање сопствен бизнис

Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска во Тетово присустваа на обуката на петанесеттина лица со попреченост за нивно самовработување преку отворање сопствен бизнис.

Освен соодветна обука за основи и изработка на бизнис план и регистрирање нов правен субјект лицата учесници во овие проекти ќе добијат и неповратни средства од 270 илајди денари за носителот на бизнисот и дополнителни 92 илајди денари за ново вработување како и други погодности.

- За оваа година имаме обезбедено 50 милиони денари за финасиска подршка на 100 нови бизниси односно за финасиска подршка на 100 лица со инвалидност да се самовработат и да отворат плус дополнителни 200 работни места или пак околу 300 работни места преку оваа мерка очекуваме да се реализираат и се обезбедени вкупно 50 милиони денари. Во овој момент има веќе отворен јавен оглас втор за оваа година. Ги повикувам сите лица со инвалидност коишто се работоспособни да ја искористат оваа можност да аплицираат и да им помогнеме да ја остварат својата замисла и својата бизнис идеја, изјави Спасов.

Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски ова е трет повик за самовработување на лица со попреченост за нивно самовработување.

- Тие може да аплицираат и за дополнителни средства од 100 илјади денари за адаптација на нивното работно место доколку имаат потреба за адаптација исто така неповратни средства од агенцијата за вработување. За овие лица коишто ќе се самовработат придонесите коишто ќе ги плаќаат кон државата Министерството за труд и социјална политика ги враќа во одреден период, односно околу шеесеттина денови на лицето коешто се вработува. По истекот на девет месеци откако ќе ја формираат фирмата и имаат редовно исплатено плата и имаат успешна прикаска, успешен бизнис ќе добијат можност за неповратни 20 просечни плати односно некаде приближно во денешни услови околу 7.000 евра или 440 илјади денари, а доколку се во количка или пак се над 90 отсто слепи тогаш ќе добијат можност за 40 просечни плати, односно 880 илјади денари или 14 илјади евра средства што се исто така неповратни и се доделуваат на име на компанијата што ја основале, рече Поповски.

Оваа нова активност на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за врабптување предвидува освен обуката што трае четири денови лицата со попреченост што ќе се самовработат преку основање сопствен бизнис и добивање на ментор за изработка на бизнис планот во период од следните три години да добиваат и техничка подршка од стручни лица што ќе им помагаат во водењето на бизнисот и решавање на дополнителни проблеми што може да се јават во овој период.