Телеграма со сочувство од Димитриев до Меркел

Ваша Екселенцијо,

Почитувана г-ѓа Меркел,

Со длабока вознемиреност, загриженост и жалење ја примив веста за грозоморниот терористички напад во Вашата земја, во кој животот го загубија повеќе германски граѓани и во кој поголем број граѓани се повредени.

Во овие тешки моменти на шокираност и национална жалост, дозволете ми од мое лично име, од името на македонските граѓани и од името на Владата на Република Македонија да Ви упатам изрази на најдлабоко сочувство Вам и на членовите на семејствата на жртвите, да испратам желби за побрзо заздравување на повредените, и воедно да го осудам овој срамен и кукавички чин.

Шокантната вест за овој терористички чин длабоко ги вознемири македонските граѓани. Тероризмот уште еднаш покажа дека не бира ниту место ниту пак жртви. Овој грозоморен напад во Берлин претставува напад врз мирот и слободата во цела Европа и напад врз европските вредности.

Република Македонија остро спротивставувајќи се на тероризмот   активно учествува и ќе продолжи да придонесува во борбата против најголемото зло на денешницата. Тероризмот може и мора да биде победен со заедничка  одлучна и бескомпромисна борба.   

Нашите мисли и молитви се со Вас.

 

 

                                                                       Емил Димитриев

 

 

Н.Е. г-ѓа Ангела Меркел,

Канцелар на СР Германија

Сојузна Влада на СР Германија

Берлин