Мила Царовска, Министерка за труд и социјална политика

Мила Царовска е министерка за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија.

Дипломирала на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за социјална работа и социјална политика.

Во својата професионална карира се стекнала со повеќегодишно искуство од областа на социјалната работа, меѓу кои и како фасилитатор во драмски работилници со деца сместени во институции, фасилитирање на едукативни работилници, СОС оператор и супервизор за консултации за корисници на дрога и нивните семејства, како и соработник на институциите за лечење на корисници на дрога, социјален работник на терен, советник за пред/пост тест за ХИВ/СИДА и истражувач на терен.

Мила Царовска беше специјален советник во кабинетот на министерката за труд и социјала Фросина Ременски.

Како докажан професионалец во својата област на делување, Царовска својата професионална кариера и доозбразование ги гради низ годините на бројни работни позиции и искуства кои вклучуваат директна комуникација со општествено ранливи и социјално загрозени категории на граѓани. Нејзиното менаџерско учество во десеттици проекти од сферите на социјалната политика, опфаќаат различни категории граѓани како Роми, млади, зависници и покрива теми како што се домашното насилство, сексуални права, образование на ранливите групи итн.

Поради своето богато работно искуство, Царовска е ангажирана во дванаесетина  домашни и меѓународни организации како експерт од својата област.

Царовска поради својата посветеност на  социјалната работа се здобива и со повеќе од 24 сертификати од домашни и меѓународни институции, како доказ за нејзината посветеност и преданост на проблематиката од социјалната сфера.

Родена е во 1984 година.


Mila Carovska - Minister of Labor and Social Policy of the Government of the Republic of Macedonia

Carovska graduated at the Faculty of Philosophy at the "St. Cyril and Methodius" University in Skopje, at the Institute for Social Work and Social Policy.

In her professional career she gained experience in the field of social work, including facilitation of drama workshops with children housed in institutions, facilitation of educational workshops, SOS operator and supervisor on consultations for drug users and their families, as well as, collaborator of drug treatment institutions, social worker in the field, a pre/ post test for HIV/AIDS-advisor and a field researcher.

Mila Carovska was a Special Advisor in the Cabinet of the Minister of Labor and Social Policy, Frosina Remenski.

As a proven professional in her field of activity, Carovska upgraded her professional career and higher education through the years, on numerous work positions and experiences that involve direct communication with socially vulnerable and threatened categories of citizens. Her managerial participation in dozens of projects in the spheres of social policy encompasses different categories of citizens such as Roma, youth, addicts and covers topics such as domestic violence, sexual rights, education of vulnerable groups, etc.

Due to her rich work experience, Carovska is engaged in twelve domestic and international organizations as an expert in her field.

Being dedicated to social work, Carovska has obtained more than 24 Certificates from domestic and international institutions, as proof of her commitment and dedication to the issues from the social sphere.

Carovska was born in 1984.