Укинато екстерното тестирање

Ве известуваме дека на 01.06.2017 година Собранието на Република Македонија донесе Закон за изменување на Законот за основното образование, Закон за изменување на Законот за средното образование и Закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта со кои се укина екетсрното тестирање. Истите се објавени во “Службен весник на Република Македонија” бр. 67 од 1 јуни 2017 година и стапија во сила со денот на нивното објавување.

Со овие законски измени е укинато екстерното тестирање и истото нема да се спроведува. Сите отпочнати постапки во врска со екстерното проверување на знаењето на учениците запираат.

 

Извор: Министерство за образование и наука