Премиерот Заев на средба со енергетската заедница: Македонија подготвена да ги спроведе енергетските реформи

Почитувани,

 Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска оствари работна средба со делегација на Енергетската заедница, предводена од претседателот на оваа меѓународна организација, Јанез Копач.

На средбата се разговараше за реформските приоритети на новата Влада на Република Македнија во енергетскиот сектор, планираните проекти како и за потребата од побрзо усогласување на закондавство во земјава со европското законодавство во оваа област.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, посочи дека Македонија е подготвена повторно да зачекори по патот на реформите за членство во ЕУ и во таа насока да ги исполни потребните енергетски реформи. 

Владата на Република Македонија, додаде премиерот Заев, е целосно отворена за соработка со Енергетската заедница, во интерес на граѓаните и на земјата.

 Претседателот на Енергетската заедница, Јанез Копач, изрази задоволство од отвореноста на новата Влада и додаде дека Енергетската заедница е подготвена да и помогне на Република Македонија во енергетиката, особено во усогласување на законодавството во областа.