Премиерот на Холандија Марк Руте до премиерот Заев: Верувам дека новата Влада ќе создаде клима за реформите кои и се потребни на Македонија

„Ве молам дозволете ми да Ви упатам искрени честитки за Вашето назначување како премиер и на добивањето на парламентарното одобрение за Вашата нова Влада”, истакна премиерот на Холандија, Марк Руте во честитката упатена до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

„Македонија поминува низ голема политичка криза во последниве години. Беше вистински предизвик во текот на изминатите неколку месеци да се обезбеди демократски трансфер на власта. Холандија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на тој пат. Сигурен сум дека за време на Вашиот мандат нашите билатерални односи ќе продолжат да напредуваат, бидејќи ние работиме заеднички како посветени партнери на билатерално, европско и глобално ниво”, стои во честитката на холандскиот премиер Руте до премиерот Заев.