Меркел до Заев: Германија со задоволство ќе Ве поддржи во Вашите заложби

Канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел денеска упати честитка до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод неговиот избор за премиер и формирањето на новата Влада.

„Срдечно Ви честитам за Вашиот избор за премиер. Сојузната влада решително ја поддржува целта на понатамошното приближување на Вашата земја до Европската Унија и НАТО. Сојузна Република Германија со задоволство ќе Ве поддржи во Вашите заложби“, се вели во честитката.

„Се радувам што лично ќе се запознаеме на следната Конференција за Западен Балкан на 12 јули во Трст“, додава канцеларката Меркел во честитката упатена до премиерот Заев.