Дескоска: Решен е проблемот-студентите повторно имаат струја, нема да дозволиме долговите од минатото да го загрозуваат образованието

Денеска за жал студентите во Студентскиот дом Гоце Делчев можеа да ги почувствуваат последиците од недомаќинското работење на ВМРО ДПМНЕ во претходната власт.

Долговите коишто беа оставени во сите свери, останаа и во доменот на образованието. За жал голем дел од средствата коишто требаа да бидат обезбедени за образованието, биле истрошени за непродуктивни трошоци, што практично направија големи обврски, заостанати долгови на студентските домови, на училиштата. При тоа се загрозува детскиот стандард, училишниот стандард и начинот на редовно одвивање на наставата во училишта. 

За жал, на претходната власт, на ВМРО ДПМНЕ, приоритет им беше градење на споменици, наместо инвестирање во студентски стандард и она што значи подобар живот на студентите.

Имаме денеска една немила сцена во студентскиот дом Гоце Делчев, кога заради големи долгови струјата беше исклучена. Но, по интревенцијата на Министерството за образование и на Владата, успеавме да воспоставиме контакти со компанијата којашто ја врати струјата и ја приклучи за да може студентскиот дом повторно да се одвиваат активностите, нормално.