Средба на министерот Сугарески со претставници од ЕБОР

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари работна средба со Анка Јоана Јонеску, директор на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Република Македонија.

На средбата се разговараше за поддршката на Европската банка за обнова и развој во делот на инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Македонија.  

Министерот Сугарески се заблагодари за досегашната соработка, нагласувајќи ја важноста од поддшката што ја овозможува ЕБОР за реализација на капиталните проекти, притоа изрази целосна подготвеност за продолжување на таквата соработка и во наредниот период. 

“На Европската банка за обнова и развој гледаме како еден сериозен партнер во реализација на проектите во инфраструктура што ги ветивме пред граѓаните. Имаме интерес таа соработка да продолжи и во наредниот период”, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.  

И двајцата соговорници изразија задоволство од оддржаната средба и се согласија на продлабочување на досегашната соработка.

 

Извор: Министерство за транспорт и врски

Категорија: