(Видео) Премиерот Заев на брифингот во Софија: Отворивме перспективи, имаме силен партнер за ЕУ и НАТО

Како што веќе информиравме, во рамки на официјалната работа посета на Република Бугарија, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, одржа брифинг со новинарите.

Премиерот Заев истакна дека Република Македонија и Република Бугарија со средбите на највисоко ниво, со премиерот Бојко Борисов и со претставници на владино и државно ниво во Софија, двете земји отвораат „ново златно поглавје" во меѓусебната соработка.

„Споделувањето заеднички културни вредности е само придобивка, и соработката меѓу

Македонија и Бугарија ќе покаже како се унапредуваат добрососедски односи и се отвораат евро-атлантски перспективи и за Република Македонија, но и за регионот“, изјави на новинарскиот брифинг премиерот Заев, што помина со огромен медиумски интерес.