Владата со одлука воведе флексибилно работно време во јавната администрација, и двосменско работење

Денес, со почеток во 15:00 часот, во просториите на Владата на Република Македонија, министерот за информатичко oпштество и администрација, г-динот Дамјан Манчевски одржа прес за медиумите, на кој ја соопшти одлуката на Владата за утврдување на флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа.

Со одлуката се утврди почетокот на работното време да биде помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, Министерството за внатрешни работи: подрачните отсеци во Секторот за управно – надзорни работи во Одделот за граѓански работи, како и во Министерството за одбрана – за одделенија за одбрана за регион со градовите и општините во состав.

Во овие институции работно време ќе се одвива од 07:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот, со време на работа од 08:00 до 16:00 часот.

Оваа одлука следи по серија консултации со јавноста, меѓу кои и граѓанските организации и синдикатите, а е во насока на овозможување подобри услови за вработените во јавната администрација, како и за подобрување на процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис заедницата.

Одлуката ќе почне да се применува од 1 септември 2017 година, а оваа одложената примена се должи со цел да се овозможи време на институциите да се прилагодат за примена на истата.