Миле Бошњаковски, портпарол на Влада на Република Македонија

Почитувани,

Во интерес на транспарентно и отчетно известување на јавноста, граѓаните, новинарите и медиумите за активностите на Владата на Република Македонија ги објавуваме контакт информациите на портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски.

Контакт телефон: 070 248 278
Контакт е-маил: portparol@gs.gov.mk

или mile.boshnjakovski@primeminister.gov.mk
Твитер: https://twitter.com/portparolVRM


Të nderuar,

Në interes të informimit transparent dhe llogaridhënës ndaj publikut, qytetarëve, gazetarëve dhe mediave për aktivitetet e Qeverisë së Republikës së Maqedonisë i publikojmë informacionet e kontaktit të zëdhënësit të Qeverisë së Republikës së Maqedonisë, Mile Boshnjakovski.

Telefoni i kontaktit: 070 248 278
E-mejli për kontakt: portparol@gs.gov.mk

ose mile.boshnjakovski@primeminister.gov.mk
Twitter: https://twitter.com/portparolVRM


Дипломирал на Филозофскиот Факултет при Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за историја.

Во моментов во изработка е магистерската теза, на постдипломски студии Менаџмент на Стратегиски комуникации, при Институтот за комуникациски студии.

Миле Бошњаковски професионалната кариера ја започнува како новинар подоцна уредник и водител во националната телевизија Канал 5 во 1999 година, а станува уредник и водител на централните вести на МРТВ јавниот сервис во 2002 година. Покрај телевизискиот ангажман Бошњаковски соработува со печатени медиуми, како и новински агенции во Македонија на надвор: Макфакс, неделник ЗУМ, неделник Форум итн.

Во 2004 година Бошњаковски се приклучува на тимот при Македонскиот Институт за Медиуми и ја презема улогата на тренинг координатор на проектот Едногодишна школа за новинари од која произлегува денеска акредитираната висикообразовна институција „Висока школа за новинарство и односи со јавност“.

Во 2006 година Миле Бошњаковски ја презема улогата на Директор на корпоративни комуникации во Т-Мобиле Македонија, сектор во чија одговорност влегува надворешната комуникација, интерната како и корпоративната одговорност на компанијата. Бошњаковски е единствениот македонски менаџер кој е дел од оперативниот тим во спроведување на процесот на ребрендирање од Мобимак во Т-Мобиле. Тој истовремено е редовен член на комуникацискиот директорски тим на Дојче Телеком, а има работено и на глобалната стратегија на компанијата за корпоративна одговорност.

Во 2010 година, Бошњаковски ја продолжува кариерата во Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) и ја извршува функцијата на специјалист за застапување и комуникации. Во рамките на редовните активности покрива и програмски компоненти како што се демографија и население, младински политики, а истовремено поминува обуки за „Родово Трансформативни Програми“. Бошњаковски во УНФПА исто така бил дел од глобалниот меѓународен ростер (со локација во зградата на ООН во Њујорк) на тим на комуникатори кои интервенираат во услови на хуманитарни кризи насекаде низ светот.

Покрај обуките за односи со јавност, застапување и медиуми од исклучителна значење е тренингот за „Мониторинг и евалуација – ИПДЕТ, во организација на Универзитетот Карлстон од Канада, чиј сертификат поседува Миле Бошњаковски.