Рамиз Мерко, Mинистер без ресор, задолжен за странски инвестиции

Рамиз Мерко е министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за странски инвестиции.

Роден е во 1957, во Струга, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал и магистрирал, по што стекнал и звање доктор на науки.  

Од 2017 е вонреден професор во Меѓународниот универзитет во Струга. 

Од 2014 до 2016,  беше пратеник во Собранието на Република Македонија. 

Од  2013 до 2014 работи како универзитетски професор, доцент на Меѓународниот  универзитет во Струга. 

Рамиз Мерко во периодот од 2009 до 2013 година е градоначалник на Струга. 

Од 2003 до 2005 година е раководител на Фондот за здравство, во канцеларијата на фонодот во Струга, а од 1983 до 1999 бил виш референт во Агенцијата за развој на земјоделството. 

Од 1980 до 1982  бил раководител на производство во Земјоделски комбинат.  

Учесник е на повеќе национални и меѓународни научни конференции.

Зборува англиски, турски и српски јазик.