Зорица Апостолска, министеркa без ресор задолжена за странски инвестиции

Зорица Апостолска е министеркa без ресор во Владата на Република Македонија, задолжена за странски инвестиции.

Официјален е-маил: z.apostolska@gs.gov.mk
Веб страна: www.msi.gov.mk
Фејсбук страна: www.facebook.com/Zorica-Apostolska
Твитер профил:  
Инстаграм профил:  

 

Листа на вработени во кабинетот на министерката Зорица Апостолска

Катерина Стојановска - Шеф на кабинет е-маил: katerina.stojanovska@gs.gov.mk
тел: +389 2 3118 022, лок. 260
Радица Бобинска - Раководител на оделение е-маил: radica.bobinska@gs.gov.mk
тел: +389 2 3118 022, лок. 117
Стојанче Манев -  Посебен советник е-маил: stojance.manev@gs.gov.mk
тел: +389 2 3118 022, лок. 231
Ана Ѓоргиева - Соработник е-маил: ana.gorgieva@gs.gov.mk
тел: +389 2 3118 022, лок. 196
Иван Андревски - Советник е-маил: ivan.andrevski@gs.gov.mk
тел: +389 2 3118 022, лок. 231

 

Дипломирала на Економски факултет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје - насока, банкарство и финансии. Во својата професионална кариера се стекнала со повеќедецениско искуство од областа на банкарството и финансиите.

На почетокот на својата професионална кариера, до 1993 година Апостолска работи како раководител на сметководствениот оддел, а потоа и како Директор на финансии и заеднички служби во „Металски завод Тито Инженеринг“.

Во периодот од 1993 до 2002 година, ангажирана е како советник во Министерството за труд и социјална политика во областа на пензиско и инвалидско осигурување.

До 2009 ја обавува функцијата директорка на Агенцијата за суперревизија на капитално финансиско пензиско осигурување и е основач на истата.

До моментот на именувањето, Апостолска работи како Директорка на дирекцијата за наплата од банкарство на мало во Стопанска банка АД Скопје.

Во текот на својата кариера се стекнува со неколку сертификати од обуки во областа на пензиските системи меѓу кои од Харвард институтот за меѓународен развој и Институтот на Светска банка.

Има посетувано многу меѓународни конференции и има објавено повеќе трудови во земјата и странство.