Заев по Самитот во Подгорица: Македонија стабилно и енергично чекори напред, очекувам да биде следна, 30. членка на НАТО

Овој Самит беше одлична можност да дискутираме за напредокот на нашата соработка и иднината на Јадранската Повелба.

Уште еднаш ја препознаваме вредноста на сеопфатната политичка, одбрамбена и економска соработка помеѓу нашите земји, споделување на искуствата од реформите, интеграцијата и интензивирањето на регионалната соработка.

Продолжуваме да се водиме од вербата дека евроатлантските интеграции на регионот, базирани на солидарност и демократски вредности, се неопходни за долгорочна стабилност на регионот и на целиот континент.

Предизвиците со кои се соочува регионот, се истите за сите народи низ светот. Денешните закани не познаваат национални граници. Не е само идеализмот она што ги води народите од регионот да се поврзат со останатите Европајни; и не е иделизам кога бараме да споделуваме обврски во контекст на НАТО. Се работи за препознавање на нашите заеднички интереси кои ни покажуваат дека си требаме едни на други.

Сите членки на повелбата треба да ја користат можноста самостојно и заеднички да го држат ова прашање на агендата на Алијансата. Само преку заедничка работа и заради бенефит на регионот, можеме да ги достигненеме нашите заеднички вредности и успешно да одговориме на заедничките закани и предизвици.

Конечно, нашите граѓани разбираат дека градењето на силна демократија, почит на човековите права, добро управувавање, работни места и образование, како и кохезивни општества, кои знаат да одговорат на предизвиците – се исто така стратешка инвестиција.

Последно, но не помалку важно, овие заложби можеме да ги оствариме со силна поддршка од страна на САД и ние сме особено благодарни за тоа.

Почитувани претстваници на медиумите, Република Македонија стабилно и енергично чекори напред.

Владата на РМ, со поддршка од граѓаните и од нашите меѓународни партнери го трасира патот на нашата држава кон НАТО.

Убедени дека Република Македонија ги заслужува евроатланските перспективи храбро влеговме во рефрормските процеси, се отворивме за интензивна соработка со соседите, покажавме одговорност кон меѓународната заедница дека сакаме и можеме да придонесуваме кон колективните процеси за стабилен и безбеден свет.

Тоа е препознаено. И со право очекувам Република Македонија да биде 30-тата земја членка на алијансата и ќе работиме за таа цел, заедно со граѓаните!

Тоа е патот на Република Македонија кон мир и стабиност, но и кон прогрес и напредок.

Тоа се перспективи за граѓаните на Македонија, но и за граѓаните на регионот.

Фактот што јас како премиер на Република Македонија претседавав со специјалниот состанокот на А5 Самитот на Јадранската Повелба, тоа што Република Македонија е ко-домаќин со Република Црна Гора на овој значаен настан, на кој што присуствува висок претсваник на САД, Потпретседателот Мајк Пенс, потврдува дека Република Македонија ја донесовме на вистинскиот пат.

Ви благодарам.