Информација за пожарите во општина Македонски Брод и состојба во други региони до 11:00 часот

Пожарот во атар на с. Требовље, општина Македонски Брод сеуште е активен. Состојбата на терен е посмирена, намалено е ширењето на пожарот према селата Растеш и Требовље.

На местото на пожарот во моментот дејствуваат 2 авиони на ДЗС а се очекува активирање и на 2 хелихоптери од АРМ. На терен присутни и активни во гасење на пожарот се екипи на: ТППЕ-М. Брод, ТППЕ-Скопје, ТППЕ-Куманово, Македонски Шуми. Исто така присутни и активни во гасење на пожарот се припадници на ДЗС, АРМ, ШС Македонски Брод, ШС Кавадарци, доброволци од Скопје и месно население.

На територија на РЦУК Велес има еден активен пожар. Ги зафаќа падините на Горна Јакупица. Со пожарот е зафатена мешана шума (бор и бука). Во гасењето  ангажирани се лица вработени во ШС Бабуна Велес.

На територијата на Град Скопје нема регистрирано активни шумски пожари. Пожарот од вчера на борова шума  во селото Орман во општина Ѓорче Петров е локализиран во текот на вчерашниот ден во вечерните часови (околу 23.00 часот). Во неговото гаснење учествувале припадниците на БППЗ, лица од месното население како и вработени во комуналните служби при Општина Ѓорче Петров.

 

Одделение за односи со јавноста

Центар за управување со кризи на РМ