Информација за пожарите во Р. Македонија и состојби до 11:30 ч.

Пожарот кај Лутоец - м.в. Змијарник е сè уште активен. Упатени се сили на АРМ со цел истиот да не се прошири према с. Требовље. Оштетени се 3 дрвени столбови за напојување на електрична енергија на населеното место с. Близанско. Пожарот во с. Девич е ставен под контрола.

Во моментов ангажирани се следните сили и средства: За пожарот во атар на с. Требовље: АРМ (пожар во с. Требовље и дел од атар на  с. Растеш); ТППЕ Мак. Брод; БППЗ Скопје, 2 хеликоптери од АРМ (дејствуваа од утринските часови), месно население од с. Растеш и доброволци од Тетово за пожар во с. Растеш; ЈП Македонски Шуми Мак. Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во с. Девич и истиот е ставен под контрола; гасењето на пожарите се вклучени и силите на ДЗС.

Пожарот во с. Слатина е локализиран.

Пожарот кој започна на ден 02.08.2017 година во атарот на с. Подвис кон с. Локвени е сè уште активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума. Во текот на вчерашниот ден гаснеле екипи на ТППЕ Крушево, ТППЕ Кривогаштани и месно население. Во текот на вчерашниот ден постоела опасност од зафаќање на околината и манастирот „Св. Атанасие“ но со навремена интервенцијата опасноста била надмината. Во утринските часови упатена е екипа на ТППЕ Крушево и вработени од ЈП „Липа“ Крушево. Во претпладневните часови ќе се упати уште една екипа од ЈП „Липа“ Крушево. Во моментот опасноста од проширување на пожарот е надмината и активно се гаси и нема опасност од проширување и од другата страна кон с. Житоше. Се очекува дека во текот на денот истиот да биде локализиран.

Пожарот во атарот на с. Корито е локализиран. Од раните утрински часови екипа е на терен и интервенираат на истиот. Горела сува трева.

 

Одделение за односи со јавноста

Центар за управување со кризи на РМ