Влада на Република Македонија вечерва ќе ја одржи 19-тата седница

Ве известуваме дека Владата на Република Македонија денеска (четврток, 3 август, 2017 година) во 19:00 часот, ќе ја одржи својата 19-та седница.

На дневниот ред на седницата ќе се најдат повеќе точки од интерес на јавноста од кои издвојуваме: Користење и имплементација на фондовите од ЕУ, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, како и повеќе предлози за кадровски решенија, а исто така ќе бидат разгледани и дополнителни предлози и прашања.

На почетокот на седницата медиумите ќе имаат можност со видео и фото да го регистрираат стартот на оваа владина сесија.

По завршувањето на седницата ќе следува детално соопштение за јавноста за донесените заклучоци.

Категорија: