Спасовски: За поефикасно справување со пожарите Владата прогласи кризна состојба на териториите на општините Македонски Брод и Чашка

Владата на Република Македонија денес оддржа седница, и тоа тематска седница, посветена на состојбите за пожарите во Република Македонија.

По седницата, изјава за медиумите даде министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во функција на претседавач на Управувачкиот комитет за управување со кризи.

Министерот Спасовки соопшти: Имавме точка на дневен ред со информација за состојбите со пожарите во Република Македонија

Предходно имаше седница на Управувачкиот комитет за управување со кризи, на која што врз основа на заклучоците кои што ги имаа од групата за проценка, се донесе предлог одлука до Владата на Република Макеоднија, да се прогласи кризна состојба во подрачјето на општина Македонски Брод и општина Чашка, бидејки во овие две подрачја веќе неколку дена имаме активни пожари.

Анализирајќи ги сите информации, пред сè, од сите релевантни фактори и институции кои што се вклучени во справување со пожарите, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЈП Македонски Шуми, Министерството на земјоделство шумарство и водостопанство, односно Шумската полиција, донесовме одлука на владата со која што прогласивме кризна состоојба во подрачјето на општините Македонски Брод и Чашка, која што ќе трае 30 дена од моментот на донесување на одлуката.

Ова е донесено сè со цел да можат во координирана акција сите институции на Република Македонија, да делуваат на состојбата за справување со пожарите и на еден поефикасен начин да се одговориме на оваа ситуација, бидејќи гледаме дека во наредниот период ќе имаме временски услови со високи температури, а со тоа и можнст за ширење на пожарите. Ова е една од мерките која што ќе гарантира безбедност за овие региони и успешно справување со овие пожари,  до нивно целосно гасење.

Исто така на седницата на Владата ги задолживме сите надлежни институции да се вклучат и да помогнат во делот со справувањето со оваа кризна состојба во овие две општини, и, генерално, ако затреба било каде доколку има потреба со справување со пожарите на целата територија на Република Македонија. 

 

Во продолжение на средбата со новинарите, министерот Спасовски одговараше и на новинарски прашања: 

Пр. 1: Каква е состојбата со останатите подрачја каде штои имаше активни пожари, како се справувате. Луѓето се во паника, што им препорачувате?

Оливер Спасовски: Значи повеќе подрачја на територијата на Република Македонија имаше зафатено со пожари.  Овие две подрачја се најклитичните кои имаат пожари најдолг временски период и затоа прогласуваме кризна осстојба, меѓутоа и во околината на Скопје, во тетовскиот регион, во близината на Крушево и така натаму, имавме пожари со кои се справуваше пред се Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) која што е најповикана за вакви услови, како и ЈП Македонски шуми. Нормално е дека беа во координација и на помош сите останати како АРМ, а со воздухоплови имаме помош и од Бугарија и  од Република турција.

Тоа се воздухоплви кои што ги обезбедивме преку непосредно барање од страна на ДЗС.

Институциите се во координација. Нема место за паника кај граѓаните на Република Макеоднија, посебно таму каде што навистина се појавуваат пожарите. Интервенираат и противпожарните бригади на територијата на општината.

Да не заборавиме дека локалните самоуправи се најповикани  во делот на справување со било која криза преку инструментот на заштиота и спасување, па понатаму ДЗС и Владата на Република Макодонија.

За овие две подрачја констатиравме дека имаме потреба од прогласување на кризна состојба со цел да се елиминираат до крај овие пожари, без да имаме тенденција на можно ширење.

Ги повикувам граѓаните на Република Македонија, да им помогнат на институциите во справувањето со пожарите. Поради временските прилики, поради невниманието на граѓаните и така натаму, може да дојде до опожарување на било кој дел од територијата на Република Македонија и затоа треба координирана акција, во која и граѓаните ќе треба да помогнат, превентивно, покрај институциите кои што се задолжени за тоа.

Министерството за внатрешни равоти, и Шумската полиција, и останатите институции кои што работат на превенцијата, но и граѓаните можат многу да помогнат. Да пријават на време и да ги повикаат институциите таму каде што има потреба да делуваат.

Пр. 2: Каде ескалира ситуацијата за да мора да се прогласи кризна состојба?

Оливер Спасовски: Во овие две места прогласуваме кризна состојба не поради тоа што е излезено од контрола, туку поради тоа што треба една координирана акција помеѓу институциите на системот.

Бидејќи ако немаме кризна состојба ДЗС, односно локалните самоуправи ќе треба самостојно да се справуваат. Вака ќе треба да се приклучат сите институции на Република Македонија и да ги стават сите расположливи средства и ресурси на располагање во справувањето со овие состојби.

Бидејќи на овие две подрачја имаме пожари од поголем обем кои што траат веќе неколку дена, и се во недостапни делови, делови кои што се густо пошумени, од тој аспект сметавме дека поефикасно ќе се справиме со состојбата на опожарување во Македонски Брод и Чашка.

Категорија: