Делегација на Владата на Република Македонија, Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ положија свежо цвеќе на спомен обележјата кај Карпалак

 

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот Горан Сугарески, денеска, во Прилеп, оддаде почит и положи свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите припадници на резервниот состав на АРМ во 2001 година.


По повод 16-годишнината од загинувањето на прилепските воени резервисти во 2001 година делагација на Министерството за одбрана и на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, во состав полковник Климе Стојановски, полковник Душко Несторовски и Државниот секретар Драган Николиќ, како предводник на делегацијата, положија венци свежо цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак на автопатот Скопје - Тетово.


Свежо цвеќе на спомен обележјето положија и делегации на Претседателот на Република Mакедонија, на Собранието, како и членови на семејствата на загинатите воени резервисти и претставници од составот на резервните воени обврзници.

Категорија: