Делегација од Кабинетот на премиерот Заев положи свежо цвеќе во спомен на загинатите припадници на АРМ кај Љуботенски бачила

Делегација на Претседателот на Владата на Рерпублика Македонија, Зоран Заев, предводена од Цветанка Ласкова, советник во кабинетот на премиерот, денеска положи свежо цвеќе на споменикот во село Љубанци, во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година.

Делегацијатата на Претседателот на Владата на Република Македонија положи свежо цвеќе и на спомен обележјето во касарната „Илинден“, во чест и спомен на загинатите кај Љуботенски бачила кои беа припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.