Министерот Едмонд Адеми задолжен за дијаспората оствари средба со граѓаните на Дебреште и Крушево

Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми задолжен за дијаспората, вчера оствари средба со граѓаните на Дебреште,Долненска општина како и во Крушево.

На оваа средба министерот Адеми го истакна чекорот за институционален пристап на Владата на Република Македонија кон дијаспората,детектирање на проблемите во дијаспората и воедно ги истакна решениата за истите. Министерот Едмонд Адеми разговараше и за сите останати прашања од интерес на граѓаните кои се врзани за нивниот секојдневен живот.