Денеска на градските гробишта „Бутел“ владина делегација со полагање свежо цвеќе оддаде почит на великаните по повод денот на Армијата на Република Македонија

Делегацијата во состав Ленче Николовска, советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на премиерот Зоран Заев, Драган Јованов советник за екологија и Ивана Јордановска соработничка во одделението за меѓународни односи при секторот за комуникации, заедно со делегациите од кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов, делегација од Министерството за одбрана и делегацијата од Генералштабот на АРМ, положија венци со свежо цвеќе па партизанските гробишта, како и пред вечните домови на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров и на гробот на Генерал Михајло Апостолски.