Работна посета на министерката Зорица Апостолска на Грција

 

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска на 10 и 11 септември оствари работна посета на Солун, Грција.

 

За време на посетата на Солун се оддржуваше 82-от трговски саем Хелекспо, на кој присуствуваа над 1500 компании изложувачи. Почесен гостин на саемот беше НР Кина, која освен со компании беше претставена и со Кинеската банка за развој (ЦДБ).

 

Министерката Апостолска имаше работна средба со претставници на ЦДБ, предводени од заменик-генералниот директор на одделот за глобален бизнис за Евроазија, Ли Донг Ја, на која стана збор за можностите за финансирање на патната и железничката инфраструктура, како и за поддршка на инвестиции на кинески компании во Македонија.  На средбата се разговараше и за иницијативата за вмрежување на банки од 16 држави од Централна и Источна Европа во меѓу-банкарска асоцијација за развој, со цел финансирање на инвестициони проекти за одржлив развој.

 

Во рамки на дводневната посета на Солун, министерката Апостолска оствари средби со компании и претставници на стопански комори од северна Грција, на кои стана збор за потенцијални инвестиции во Македонија и за идна соработка.

 

Министерката Апостолска имаше работен состанок и со високи претставници од економскиот тим на Министерството за надворешни работи на Грција, на кој се дискутираше за градење на доверба и можности за унапредување на економската соработка помеѓу двете земји.

 

Работната посета на Солун, министерката Апостолска ја искористи и за средба со заменик министерот за бизнис опкружување, трговија и претприемништво на Романија, господин Стерика Фудулеа, кој изрази интерес за посета на Македонија со економски тим од романската Влада и да го сподели искуството за поддршка на домашни компании, како и праксата за start-up бизниси.

 

Категорија: