Министерот Адеми со честитки по повод изборот на Пандели Мајко за Државен министер за дијаспора во Владата на Република Албанија и Дардан Гаши за заменик претседател и министер за дијаспора и стратешки инвестиции во Владата на Република Косово

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денеска изрази најсрдечни и најискрени честитки по повод изборот на Пандели Мајко како Државен Министер за дијаспора во Владата на Република Албанија и изборот на Дардан Гаши како Заменик Претседател и Министер за дијаспора и стратешки инвестиции во Владата на Република Косово.

 

Министерот Адеми во честитката истакна дека заедничката иднина во регионот е членството во Европската Унија и во
НАТО, и соработката помеѓу институциите кои ги раководиме дополнително ќе допринесе кон интеграција на трите држави Република Македонија, Република Албанија и Република Косово да бидат дел од големото семејство на евроатлантските народи.