Прес конференција на министерот без ресор Ибраимовски за активностите од работењето во првите 100 дена во Владата на Република Македонија

Денеска министерот без ресор, Самка Ибраимоски, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, одржа прес конференција.


Прес конференцијата имаше за цел презентирање на активностите на Министерот без ресор, Самка Ибраимоски во првите 100 дена во Владата на Република Македонија.


Активности реализирани во првите 100 дена од Кабинетот на министерот без ресот, Самка Ибраимоски, имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Р. Македонија

- Секоедневен прием на граѓани во Кабинет на Министерот без ресор, Самка Ибраимоски, со цел запознавање со проблемите на ромите и предизвиците со кои се соочува секој од нив;


- Направен е пресек на состојбите во делот на имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Р. Македонија за период од 2005 до 2017 година;


- Подготвена е Анализа на моменталната состојба во врска со имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Р.М и НАП-ови;


- Остварени средби со министрите од ресорните министерства Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, Министерство за култура, Министерство за здравство, со цел интеграција на делови од Националните Акциски Планови произлезени од Стратегијата во годишните планови и буџети за 2018 година;


- Како и подобрување на координацијата во имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија,на овие средби е договорено да се разграничат улогите на различните актери во имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите и да усвоиме единствен органограм со детален опис на обврските и улогата на главните ресори кои се задолжени за имплементација на Стратегијата и НАП-овите произлезени од неа.


- Заедно со Министерство за здравство и МТСП го решен проблемот со гинеколог во Општина Шуто Оризари. Гинеколог е поставен во амбулантата на Општина Шуто Оризари;


- Во делот на образованието, во соработка со МИТ Универзитетот обезбедени 10 стипендии за бесплатно студирање на додипломски студии и 5 стипендии за постдипломски студии за студенти Роми од страна на МИТ Универзитетот


- Се исчисти депонијата по регионалниот пат Битола – Ресен каде живее ромско население кои беа секојдневно изложени на висок ризик и растење на депонијата,


- во тек е и поставување на звучни ѕидови по регионалниот пат Битола – Ресен


- Одбележан денот на Геноцидот врз Ромите од Втора светска Војна на 05 Август 2017 година, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија


- Инициран процес за отворање на Ромски културен центар во Скопје, во соработка со Министерот за култура, Роберт Алаѓозов


- Ќе се отвори Ромска катедра на Педагошкиот факултет во Скопје, во соработка со Министерство за образование и наука


- Оваа година од 07 ноември до 11 ноември ќе се одбележи Денот на ромската азбука;


- Со цел подобрување на имплементацијата на Стратегијата за Роми на локално ниво и проблемите со кои се соочуваат Ромите редовно се посетени на Локално ниво и одржани средби, до сега се посетени и одржани средби во Кочани, Гостивар, Штип, Прилеп и Битола во тек се и посети и средби во сите градови низ Република Македонија


- На средба со претседателот на управниот одбор на ЕВН г-дин Стефан Петар инициран е приклучок до електрична енергија во населбите со Ромско население, поконкретно во Љубојно, Петочна Вода во Баирот во Битола.


- Остварени средби со меѓународни меѓу-владини и невладини организации кои имаат канцеларија во Р. Македонија, поконкретно средби се остварени со претставници на Советот на Европа, ОБСЕ, Амбасадорот на ДЕУ и заменик амбасадорот на Германија, амбасадорот на Италија, други меѓународни организации и локални невладини организации на кои ја презентирав новата визија и програма за работа и идентификуваа заеднички точки на интерес и можна поддршка во имплементација на Стратегијата и НАП.


- Во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Македонија, инициран е процес на Евалуација на Декадата на Ромите 2005 -2015 и Стратегијата за Роми, која ќе ја покрие имплементацијата на Декадата на Ромите и Стратегијата како и фондовите кои во тој период се распределени за истата.

 

Категорија: