Премиерот Заев денеска има обраќање на пленарната сесија на Генералното собрание на ОН

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во рамките на неговиот престој на Генералната дебата на Генералното собрание на ОН, денеска ќе оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.


Премиерот Заев денеска ќе го има и своето централно обраќање на пленарната седница на Генералното Собрание на ОН, пред шефовите на држави и влади, како и министри за надворешни работи.

Денешната агенда на генералната собраниска дебата на ОН, во Њујорк, предвидува билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Виетнам, Фан Бин Мин, а ќе има и кратка средба со премиерот на Непал Шер Бахадур Деуба, на приемот по повод националниот ден на оваа земја.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска ќе има свое излагање на конференцијата „Нов старт за Балканот“, во организација на УНДП.​