Шапуриќ-Мартенс: Унапредување на стопанска соработка помеѓу Германија и Македонија

 

Вчера, министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ, имаше работна средба со директорот на делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс.

 

На средбата се дискутираше за унапредување на ионака добрата стопанска соработка помеѓу Македонија и Германија.

 

Директорот на делегацијата на германското стопанство Мартенс, го запозна министерот Шапуриќ со подготовките на делегацијата за воспоставување на пилот проект за едукација на технички персонал вработен во домашни фабрики и во фабриките на странските инвеститори, со особен акцент на одржување на софистицирана опрема и софистицирани машини, што би придонело до намалување на дефицитарен стручен кадар во државата.

 

Патрик Мартенс, ја изнесе и определбата на делегацијата за пренесување на германските искуства кои во иднина би користеле во македонскиот образовен систем, како и за нивните планови за промоција на Република Македонија како земја поволна за инвестирање и извозниот потенцијал на државата.